(Видео) Уверена сум дека еден ден ќе ја пречекаме Македонија во ЕУ со нејзиниот уникатен идентитет и посебен јазик!

t

Тука сум да ви кажам Вам и на граѓаните на Македонија дека сте на добар пат да се приклучите на ЕУ, со нетрпение очекувам тоа да се случи, истакна на денешната прес-конференција во Владата на РМ, претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

– Неверојатно е да е види напредокот кој Македонија го постигна, тоа е импресивно. ЕУ има долга историја на пристапување, не била секогаш Унија на 27 членки, таа има историја на почитување за сите и за секоја нација.

Затоа, еден ден, сигурна сум, уверена сум дека ќе ја пречекаме Македонија со нејзиниот уникатен идентитет и нејзиниот сопствен јазик во ЕУ, еден ден ќе го вброиме македонскиот јазик меѓу јазиците во ЕУ.

Македонија веќе постигна многу, изоде многу, мојата желба е дека апсолутно треба да продолжите, скрининг процесот се одвива беспрекорно, ние се стремиме да ги отвориме преговорите на кластерот “Основи ” следната година, порача Фон дер Лајен, која додаде дека очекува поддршка за европскиот пат на државата од страна на сите политички чинители во Македонија.

– Се надевам дека сите партии, сите страни ќе го искористат овој момент на процесот на проширување. Овие процеси можат да бидат навистина предизвикиувачки и сигурна сум дека ќе ја одржите вашата репутација како мултиетничко оптество.

Вие веќе сте обединети во различностите и тоа е и една од причините зошто Скопје ја доби престижната титула Европска престолнина на кулурата, вели претседателката на ЕК.

Таа се осврна на економскиот дел од соработката меѓу Македонија и ЕУ.

– Имате ветер, имате сонце, тоа се можне важни ресурси за обновлива енергија. Минатата година заедно се спротивставивме и поместивме планини во однос на енергетската криза.

Подготвени сме да почнеме со распределба на 100 милиони евра, она што се стремиме да го направиме заедно е да ја удвоиме економијата во следната деценија. Планот содржи 4 важни чекори, првото е отворање на вратите на единствениот европски пазар во седум различни области, второ, бараме да го отворите регионалниот пазар за вашите соседи, тој може ако се заврши да го зголеми БДП на Западен Балкан за 10%. Третиот чекор е позитивни реформи на пример за бизнис средината и реформи за Македонија кои вклучуваат ефикасна јавна администрација, здрави јавни финансии и позитивна бизнис средина и клучна е борбата со корупцијата.

Четвртиот чекор е, ние доаѓаме со инвестиции, предложивме пакет од 4 милијарди евра за Западен Балкан, имаме добро искуство со ова во ЕУ, имаме планови за инвестиции. Планот за раст ќе создаде добри работни места. Верувам дека ова е вистинска понуда и ќе се реализира.

Сакам да ви честитам за одличната работа за претседавањето со ОБСЕ, постојано покажувате дека вие сте сигурен партнер и ви благодарам за тоа, рече Фон дер Лајен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…

Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…

„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…