(Видео) Филипче: Комуникација и поправање на грешките ќе ја врати довербата во партијата
Кандидатот за претседател на СДСМ, Венко Филипче, продолжува со теренската кампања за изборите за претседател на партијата.
– Зошто се нафаќам на оваа работа? Затоа што верувам дека треба да се поправиме и да се коригираме. Јас искрено верувам дека СДСМ има победнички капацитет. Ако покажеме уште на почетокот дека сме ги научиле лекциите од тоа што било порано, луѓето постепено ќе ја враќаат довербата. Враќањето на довербата не е брз процес ама првиот чекор е тоа. Да се покаже и докаже дека има некаква промена. Јас менаџирав комплексен систем за време на криза и знам како се постави хиерархија со цел да се одговори на потребите и на барањата на огромен број на луѓе ширум државата.
Тоа практично бара и командна поставеност, нема друга. Сметам дека луѓето се повеќе разочарани во личните комуникации и односи отколку во делот на идеологијата и тоа е причината зошто верувам дека со надградбата на тој систем на комуникација можат да се вратат луѓето и единството и вербата во партијата како институција и во нејзините политики, вели Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Гаши да одговора!
Откако не успеаја да го скријат скандалот…
СДСМ: И во наше време Османи сакаше…
Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…
СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…
„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…
Филипче: МВР да истражи што се случило…
Недозволиво е за една ваква сериозна работа…
СДСМ: Срамно е да има три верзии…
Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот…