(Видео) ЕКОЦИД ВО АЕРОДРОМ: Фирма незаконски ископува песок од Вардар! Арсовска ги фати живи, па ѝ се заканувале по живот!

t

Во општина Аеродром, затекнати при нелегални активности на бесправна експлоатација на коритото на реката Вардар, од фирма која нема никакви лиценци, елаборати, дозволи и одобренија ниту за работа, ниту за механизацијата со која ги извршуваат овие злодела против природата, а што потенцијално претставува и опасност по здравјето на граѓаните, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Почитуван Министер Тошкоски, ова сметајте го и за пријава против лицето Ќамил Османовиќ и неговите соработници кои упатија пред сведоци закани по мојот живот и по животот на моето семејство, за што и формално ќе поднесам пријава до вас.

Никој не им се плаши, но убаво би било да видиме дали ќе постапите бидејќи неказнивоста и непостапувањето предизвикува да мислат дека се недопирливи пред законот.

За случајот се известени Министерството за животна средина и просторно планирање, МВР и сите надлежни институции.

Еве ја ситуацијата на терен. Како во прашумите на Амазон, но во Скопје.

Нелегален ископ на криминалците од Прогрес Компани Долно Коњари, браќата Ќазим и Ќамил Османовиќ, кои додека си тераат бизнис и прават пари со енормно загадување на Вардар и природата, имаат време и да се закануваат.

Повелете институции, постапете! – напиша Арсовска на Фејсбук.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…

Изгорел склад за градежни материјали во Скопје

Пожар избил вчераутро во стовариште за градежни…

Невреме со дожд и град го зафати…

Попладнево Скопје беше зафатен од силно невреме…