(Видео) Фицо уште во април зборуваше за можното убиство на врвни словачки политичари!
Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата по состанокот на владата во Хандлова, рече дека очекува насилство.
Премиерот очекуваше директна агресија кон владините функционери, за што предупреди само пред еден месец.
Фицо, кој беше опериран во четвртокот вечерта, откако беше застрелан пет пати и се наоѓа во тешка, но не опасна по живот состојба, во април зборуваше за можното убиство на врвни словачки политичари.
Одговорноста за атмосферата во општеството ја препиша на противниците од опозицијата и на критичарите во независните медиуми.
„Ако атмосферата не беше опасна за целото општество, ќе беше смешно“, рече Фицо во објава на Фејсбук на 10 април, непосредно по претседателските избори.
„На улиците грубо се навредуваат владините политичари, а јас само чекам вербалните напади интензивно да ескалираат, да прераснат во атентат на еден од водечките владини политичари. Не претерувам ниту за милиметар“, изјави словачкиот премиер еден месец пред нападот против него.
Тој во својата изјава ги споменува имињата на најагресивните медиуми против власта, кои ги „охрабруваат прогресивните гласачи“, т.е. поддржувачите на опозицијата да „бидат гласни и агресивни“. Противниците на проукраинската политика на владата на Фицо беа особено агресивни. Ова стана јасно од сослушувањето на пукачот против него – опозиционерот Јурај Синтула, кој призна дека пукал во премиерот поради несогласување со неговата прокиевска политика, пишува Телеграф.
Драматичните настани од четвртокот само ја докажуваат вистината во зборовите на брутално застреланиот словачки премиер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Агелер: Има многу кандидати за на „црната…
Има мноштво имиња од кои може да…
Фицо пренесен во Банска Бистрица, нема време…
Животот на словачкиот премиер Роберт Фицо е…
Германските политичари се сѐ почесто жртви на…
По нападот врз европратеникот на СПД Матијас…
Притвор за тројца мажи кои претепале две…
Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против…
Фицо: Политиките на ЕУ се деструктивни за…
Словачкиот премиер Роберт Фицо вети дека ќе…