(Видео) Фон дер Лајен: Очекувам уставните измени да бидат поддржани со широко мнозинство!
Премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, денеска истакнаа дека се оптимисти дека Македонија ќе го продолжи европскиот пат, кој води преку донесување на уставните измени.
– Ние имаме неповторлива шанса, јас се надевам дека оние кои секогаш во историјата биле против европските интеграции на држава, конечно за првпат ќе почкажат дека се за европска иднина на државата. Сега во овој момент сите земји се едногласни за проширување, ние како држава имаме 50% усогласеност со законодавството на ЕУ, имаме институции кои се усогласени со ЕУ и сите треба да си ја земат одговорноста за идните генерации. Со вакви работи не се калкулира, не се прави личен политички рејтинг, бидејќи тоа е повторување на оној лош филм кој го гледавме 11 години, рече премиерот Ковачевски.
Претседателката на Европската комисија додаде дека никој не ја принудува Македонија да направи било што, тоа е суверен избор на државата, но дека верува дека уставните измени ќе бидат поддржани од широко мнозинство.
– Македонија ги прави сопствените избори, вие сте суверена држава и сами ги носите одлуките. Вие имате одговорност за европскиот пат и верувам дека движењето напред ќе биде поддржано од широко мнозинство.
Уставните измени се неопходен чекор на патот кон ЕУ, неверојатно е она што Македонија го има постигнато и посакувам Македонија да продолжи да се движи напред со решителност, рече Фон дер Лајен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Снопче бара од СДСМ и Европскиот фронт…
Пратеникот Халил Снопче од коалицијата ВЛЕН денеска…
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…