Објавено на:

(Видео) Франција: Демонстрантите го запалија базенот што се гради за Олимписките игри, пожарот се прошири на автобуската станица

t

Демонстрантите во Франција, кои четири дена по ред протестираат по убиството на 17-годишник од страна на полицаец, вчера го запалија Центарот за водни спортови на Олимпијадата во Париз во 2024 година.

Судејќи според снимките објавени на социјалните мрежи, демонстрантите го запалија базенот, кој се’ уште е во изградба.

Густ чад се издигна низ небото над Водниот центар, исто така видлива на снимката.

Пожарот се проширил на блиската автобуска станица, каде се уништени 12 автобуси.

На 28 јуни избувнаа протести во неколку француски градови, откако еден ден претходно полицаец застрела тинејџер (17) од алжирско и мароканско потекло.

Демонстрантите започнаа пожари веќе првата вечер, палејќи корпи за отпадоци и автомобили, а имаше и напади врз полицијата, која потоа употреби солзавец.

Само за време на синоќешниот протест низ земјата беа распоредени 45.000 полицајци и жандарми.

Во градот Кламар, полициски час е на сила од 29 јуни, додека на некои места градскиот превоз не сообраќа по 19 часот.

Инаку, полицаецот кој пукал во тинејџерот доби кривична пријава за убиство со умисла и е во истражен затвор.

На повеќе места во Франција синоќа имаше насилни протести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…