(Видео) Фуркан сними репортажа за Лев Тахор: Деца ги задеваа и правеа циркус пред нивниот дом – новинарот прашува проблемот е кај нив или кај нас?
Да заборавиме на момент на Лев Тахор, и да го анализираме само од социолошки аспект тоа што се случи со припадниците на оваа група.
Тие пред неколку дена стигнаа во Куманово. Првите денови престојуваа во хотел, па потоа изнајмија куќа во населбата Зелен Рид.
Откако беа забележани од локалните граѓани, нивната куќа стана како туристичка атракција.
Вчера, група од 30-тина млади луѓе, се собрале пред нивната куќа, ги навредувале до доцна навечер.
Денеска иста приказна… Стотина коли застануваа за да видат за какви луѓе станува збор.
А да не зборувам за децата, кои специјално, се телефони во рака, организирани, доаѓаа за да ги снимат.
Не навлегувам во тоа што се случува внатре во таа група, а се пишуваат страшни работи… Повеќето од луѓето кои доаѓаа за да снимаат, не знае ниту за што се работи. Едни ни рекоа дека слушнале дека имало исламски радикали. Од други па слушав пцовки на албански.
Ова зборува многу за нашето општество. Загрижувачка состојба! Ние не може да трпиме различности. Ние не можеме да трпиме некого ако не изгледа и не зборува како нас.
Само отворете го мозокот, застанете и размислете, и ќе сфатите колку сме мали и небитни за да се однесуваме вака арогантно кон се што е различно од нас.
Нема да должам многу, само би ви предложил да го погледнете видеото на комшивката која живее одма до куќата каде што се сместени припадниците на Лев Тахор.
Фејсбук статус на Фуркан Салиу
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда
Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…
Крвав хорор со ножеви во Чаир –…
Во крвава тепачка во која биле користени…
СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…
ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…