(Видео) ХОРОР: Луѓе се изживуваат со животни, едниот ги стрела, другиот влече куче врзано за автомобил
Знаат ли надлежните во Македонија кој се поседува оружје и за какви цели?
До кога секој силеџија и социопат ќе чувствува комодитет да стрела по животни, знаејќи дека за делото нема да одговара? – прашуваат од Анима Мунди од каде објавија и видеа од измачувани животни.
-Препознаваме ли во насилството врз животните девијација, или ќе го препознаеме дури тогаш кога ќе ескалира и врз луѓе?!
Во Штип среде бел ден, во населена средина возрасен човек шета со оружје, нишани и стрела животни да ги осакати и убие, при што е сериозно повредена мачка на негови комшии. Куса снимка од ова лице, кое лежерно и без трошка страв пукало по што ќе му текне, кршејќи најстрого закон, ни пуштија жители од населбата, преплашени за својата безбедност , но и безбедноста на своите миленици.
Среде бел ден е предизвикана сериозна опасност на јавноста и мачени се и убивани животни, што се кривични дела за што е потребно итно постапување на надлежните и најстрога казна за сторителот.
Истиов ден, во Виница, возач со автомобил со регистерска табличка VI 8923 AB влече врзано куче, кое нема опција освен да трча без престан, во спротивно ризикува да биде задавено. И не треба многу познавање за да се увиди она што е повеќе од очигледно, а тоа е присилување животно да биде во ситуација која е болна, исцрпувачка , која во најмала рака предизвикува чувство на немоќ и страв што е насилство врз животни. Вакво лице би било запрено од службени лица веднаш во секоја ЕУ држава, строго казнето; во Македонија не.
Информираме дека неколку лица се обиделе да пријават во полиција – потенцираме, се обиделе, бидејќи полицијата не ни сакала да прими и евидентира ваква пријава од X причини, што значи за нив не се случило ништо што отстапува од нормалноста. Е токму непостапувањето на службените лица значи злоупотреба на должноста и дава поттик на насилниците и понатаму да мачат, убиваат и поминуваат неказнети.
Ова се само дел од случувањата кои се наше секојдневие и кои за жал само споделени вака јавно можат да резултираат со разрешница.
Ги повикува институциите итно да започнат со сериозни истраги, најстрого да ги казнат сторителите, затоа што, како што велат, ваквите индивидуи се закана по безбедноста и животот на секое битие, независно дали животно или човек! – велат од Анима Мунди.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кучиња на војната: Двајца британски волонтери во…
Британсиот волонтер Џордан Чадвик, 31 година е…
Голгота: На животните во Украина им даваат…
Војната не ги направи бегалци само Украинците,…
Апокалиптични бројки: За само 50 години угинале…
Светската организација за заштита на природата, по…