Објавено на:

Голгота: На животните во Украина им даваат седативи за да преживеат – Се евакуираат цели зоолошки

t

Војната не ги направи бегалци само Украинците, туку и нивните миленичиња и дивите животни. Многу од нив загинаа од гранатирања, од глад или – од срцев удар.

Војната не ги направи бегалци само Украинците, туку и нивните миленичиња и дивите животни. Фотографиите на бегалците со мачиња и кучиња во рацете или како спијат во метрото, станаа иконски сцени од оваа воена инвазија која е лишена од цивилизираноста. Без оглед што еден милион луѓе едвај се евакуираа досега од земјата, многу Украинци работат деноноќно да ги спасат и животните во зоолошките градини и во шелтерите, предупредувајќи дека на живиот свет во Украина му се заканува исто така геноцид од бомбардирањата. А, бидејќи на удар на ракетите или на изгладнување се и фармите за одгој на кокошки, свињи, крави и слично во кои има милиони животни – најавуваат и можна еколошка катастрофа. Во шелтерите блиску до фронтот кои се соочени со редовни гранатирања на кучињата и другите диви животни, според сведоштвата, им даваат сретства за смирување – за да преживеат од стресовите. Некои од нив, според сведоштвата, умираат и од срцев удар.

Зоолошката градина во Киев има 4.000 животни кои припаѓаат на над 200 видови, вклучувајќи слонови, камили и единствената горила во Украина, Тони. Вработените во зоолошката градина велат дека можноста за евакуација на животните е пропуштена.

„Речиси е невозможно да се евакуираат животните, бидејќи е невозможно да се обезбеди соодветна ветеринарна услуга и транспорт“, вели Кирило Трантин, шеф на зоолошката градина. Тој алармира дека снемуваат храна и вода и дека резервите им се за десетина дена.

Животните не се загрозени само од гранатите, ракетите и потпалувањата, туку и од девастирањето на условите околу нив. Ако бидат оставени сами, според сите што ги згрижуваат, ќе умрат од глад.

„Бидејќи војната им предизвикува толку голем стрес на животните, некои се преместени во затворени простории и подземни галерии“, вели еден од вработените во зоолошката градина, додавајќи дека толку се исплашени што чуварите остануваат со нив преку ноќ.Од таа причина персоналот се пресели во комплексот за да обезбеди 24-часовен надзор.

Но, со оглед на тоа што руските напади врз станбени области стануваат се почести, некои украински зоолошки градини веќе ги евакуираа своите животни во соседните земји.Во понеделникот, животните од зоолошката градина Save Wild во близина на Киев беа транспортирани во Полска, каде што зоолошката градина во Познан им понуди засолниште за време на војната.Шест лава и шест тигри стигнаа во Полска по дводневната одисеја преку борбените линии при што имаа блиска средба со руските тенкови.Украински камион ги возел животните речиси 1.000 километри (600 милји) до границата со Полска, избегнувајќи го регионот Житомир, кој руските сили го бомбардираа жестоко.

Гледајќи дека ќе умрат од „бомби или од глад“, Наталија Попова, раководителката на зоолошката градина, се јавила во полскиот град Познан пред да донесе тешка одлука кое од нејзините 80 животни имало најголеми шанси да го преживее патувањето.Избирајќи шест лава, четири тигри, африканско диво куче и мајмун капучин, Попова потоа договорила да се сретне со полскиот персонал од зоолошката градина на границата.Иако исцрпени и гладни, животните стигнаа до Полска живи и здрави.

Од друга страна, регионот околу Керсон, кој беше најжестоко изложен на бомбардирања, е под закана од еколошка катастрофа. Едно од најголемите и најмодерни претпријатија во Европа за производство на пилешки јајца, живинарската фарма „Чорнобаивска“ остана без храна за живината. Стравот е дека ако не се смени нешто животните, кои бројат три милиони, ќе изумрат од глад и не ќе можат да се отстранат. Поради постојаното брутално гранатирање од страна на руските сили цивилите што треба да се грижат за нив бегаат од регионот и не работат ваквите капацитети..

Во слична ситуација се најдоа и живинарската фарма Боходухив и Охоче ​​во регионот Харков, кои исто така се дел од земјоделското стопанство Авангард. Покрај тоа, најголемиот инкубатор во Европа, во Макарив,во регионот на Киев, моментално е без струја. Покрај еколошката опасност, затворањето на претпријатијата може да доведе до недостиг на јајца во Украина, бидејќи оваа компанија обезбедува 30% од пилешките јајца за украинскиот пазар. Вакви приказни има и со другите капацитети за одгледување на животни.

Андреа Цистернино, фотограф кој води фарма за животни во Украина, објави дека нема да се евакуира од земјата и дека ќе остане да се грижи за 400-те жители на неговиот шелтер. И дека „побргу би умрел“ отколку да ги остави зад себе.

Волонтерите во Shelter Ugolyok, Happy Paw, Sirius и Shelter Friend неуморно работат на заштита на илјадници кучиња, мачки и други животни среде војната.Овие непрофитни организации имаат очајна потреба од храна и други залихи. Според украинската организација за заштита на животните UAnimals, најмалку четири засолништа биле погодени досега од руско гранатирање. Вознемирувачки е тоа што руските сили пукаа и на луѓе и на животни во засолништето за диви животни „Арчегот“. Притоа, шелтерот е целосно уништено со гранатирањето, а првите извештаи наведуваа дека повеќе од 1.000 кучиња загинале во пожарот што настанал потоа.Но, подоцна беше потврдено дека работниците во објектот успеале да ги отворат кафезите за да можат кучињата и мачките да избегаат, но многу од животните сепак останале бидејќи тука се чувствуваат како дома. Шелтерот и натаму е на удар на гранатирања.

Настрадаа и жителите на засолништето за животни Гостомел, при што повеќе животни умреа од срцев удар поради експлозиите во близина. Други беа погодени со куршуми, а бездомните животни кои живееја во близина на шелтерот исто така умреа од стрес или од истрели. Се проценува притоа дека во Украина живеат околу 50.000 бездомни домашни животни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шојгу: Мора да спречиме шарени револуции во…

Земјите-членки на Шангајската организација за соработка (ШОС)…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Грција нема шанси да испрати во Украина…

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни…

Двајца руски војници се приведени под сомнение…

Полска: НАТО треба да избегнува да ја…

Северноатлантската алијанса треба да избегнува провокации против…

Пентагон објасни што прават американските војници во…

САД веќе го започнаа процесот на испраќање…