(Видео) Христовски: Го остваруваме ветеното, се намалуваат цените за паркинг во Скопје
Директорот на Јавно Претпријатие „Градски Паркинг“, Бојан Христовски, денес одржа прес конференција во врска со намалувањето на цените за паркин во Град Скопје, на која информираше дека, на иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е променет ценовникот за паркинг на Јавно Претпријатие „Градски Паркинг“, Скопје.
„ЈП ‘Градски Паркинг’ донесе одлука за намалување на цените на паркирање во Скопје. На иницијатива на градоначалничката на Град Скопје, госпоѓа Арсовска, а согласно статутот на Јавното претпријатие, вчера на седница на управниот одбор на претпријатието, се донесе одлука со која е предвидено намалување на цените на услугите за паркирање за јавните површини во зоните на паркирање во градот Скопје“, изјави Христовски.
Како што соопшти тој, ќе бидат намалени цените во А0, А, Б, Ц и Д зоните, а одлуката ќе стапи во сила во март 2022 година.
„Согласно одлуката за измена на цновникот на услуги на јавното претпријатие Градски парткинг, намалувањето се однесува на час паркирање во следните зони: зона А0 паркирањето од 100 денари се намалува на 75 денари, во зона А од 50 денари се намалува на 40 денари, во зона Б од 40 износот за паркирањето се намалува за 30 денари, и во Зона Ц и Д цената за еден час паркирање од 30 денари се намалува на 25 денари“, појасни Христовски.
Ваквата одлука за поевтинување на паркирањето во Скопје влегува во сила по добивање на согласност од советот на Град Скопје, а истата ќе се применува од први март 2022 година. Со усвојување на оваа одлука, а среде економска криза, кога цените растат, ЈП Градски паркинг им излегува во пресрет на барањата на граѓаните. За поевтин паркин во градот, односно го реализира она коее ветено пред Скопјани.
„Нашата цел како јавно претпријатие е со своите одлуки секогаш првенствено да бидеме транспарентни во своето работење, да бидеме во служба на граѓаните и да ги реализираме правовремено барањата на граѓаните на градот Скопје“, вели директорот Христовски.
Тој најави дека ќе продолжи реализацијата на ветените проекти, меѓу кои и изградба на катни гаражи и монтажни паркиралишта во неколку скопски општини.
„Реализацијата на ова ветување е показател дека тоа што се ветува, треба и се исполнува. Имено, продолжуваме и понатаму активно да рработиме во реализација на програмските проекти кои што се во интерес на граѓаните, а се во план да се реализираат во наредниот период. Тука би ги истакнал нови катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода, со што ќе се овозможи паркирањето во Сопје не само да биде поевтино, туку да биде и подостапно за граѓаните во Скопје“, истакна Христовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…