(Видео) Чепреганов му одржа предавање на Мицкоски: Не може да биде контроверзен Ванчо Михајлов кој негирал сè македонско! Излезете кажете што направил ако имате храброст!

t

Откако вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во гостување во Канал 5 телевизија кажа дека тој иако не се согласува со дел од политиките и дејствувањата на Ванчо Михајлов, нема да се огради од него и дека бил контроверзна личност.

Мицкоски додаде дека можеби после неколку децении некој ќе се оградува и од ова раководство на партијата.

Професорот Тодор Чепреганов, даскалски му објасни на Мицкоски дека нема конторверза во ликот и делото на Михајлов, не може да не се оградите од некој кој вели нема Македонци и македонско.

– Сигурно дека Михајлов бил лик, ама работата е каков лик бил, како ние во историската наука, не како е претставен туку како тој самиот се претставува. За тоа што мислам претседателот на ВМРО-ДПМНЕ може да каже дека е контроверзна личност. Воопшто не е контроверзна! Многу јасна е, тука нема збор за тоа, они настојуваат со тоа контроверзна да го покријат тоа дека бил негативна личност или треба да речат дека во тој период на постоењето на ВМРО оваа личност го направила тоа и тоа, била на таа страна.

Не може да биде контроверзна личност која не те признава, која личност ти кажува дека не постојат Македонци, дека нема македонски јазик, нема македонска култура, се ова е бугарско. Такво нешто не постои! Човекот си се изјаснил многу јасно додека бил жив и ние сега што правиме?

Поради тие убиства што ги правел во Бугарија има седум смртни пресуди. Шурувал со сите наци-фашистички групи. Анте Павелиќ му даде шофер, вила, му даде се, како не соработувал? Му даде човек да го убие кралот, како не соработувал? Тој му е советник, некаде стои дека му бил и советник.

Нема контроверзна личност или го дефинираш или не! Тоа контроверзна значи ние постојано може да го влечеме, ни машко ни женско, еднаш ни треба еднаш не, излезете ако имате храброст и кажете еве оваа личност ова има направено.

Тој има извори дека соработувал со германските нацисти, организирал контрачети во Егејска Македонија., објаснува Чепреганов во вчерашното гостување во Тешки мубаети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…

Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…

Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…

Агелер: Воодушевена сум што Мицкоски ќе користи…

Откако мандатарот Христијан Мицкоски изјави дека заклетвата…

ВМРО доби поддршка за реорганизацијата од Ахмети,…

Зијадин Села и неговите пратеници, кои се…