Објавено на:

(Видео) Чешка компанија произведува лажно оружје на надувување, продажбадата им е зголемена за 100%

t

Чешка компанија која произведува лажно оружје на надувување, вклучително и ракетни фрлачи ХИМАРС и тенкови Абрамс, објави дека нејзината продажба е зголемена од почетокот на руската инвазија на Украина минатата година.

Лажните оружја направени од синтетичка свила се користат за да се измами противникот на бојното поле, кој наместо вистинското оружје го насочува лажното.

Челниците на компанијата „Инфлатек“ одбија да потврдат дека ги продаваат своите производи на Украина, повикувајќи се на воена тајност, но признаа дека производството е зголемено за 100 отсто во последната година.

„Ги продаваме производите на голем број влади во светот, не само во Европа“, изјави шефот за продажба и маркетинг Повен Кумаресан. Тој додаде дека триесет вработени во „Инфлатек“ произведуваат од 30 до 40 такви лажни оружја месечно.

Лажни тенкови, оклопни возила, дури и млазни борци тежат меѓу 25 и 90 килограми и бараат од две до четири лица да управуваат со нив на бојното поле.

Доколку компанијата има прецизни нацрти на оригиналното парче воена опрема, компанијата може да создаде нов дизајн за 72 часа, а ако почне „од нула“ производството може да потрае и до две недели, рече Кумаресан, додавајќи дека по нарачката за испорака на репликата на ракетниот фрлач ХИМАРС биле потребни 60 дена.

„Инфлатек“ досега има произведено десетици лажни ХИМАРСИ. Производите на оваа компанија се сметаат за воена опрема и нивното производство мора да биде одобрено од владините органи.

Чешката влада минатиот месец објави дека испратила воена помош во вредност од околу половина милијарда долари за Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари 2022 година.

Извршниот менаџер на „Инлфатек“, Војтек Фресер рече дека една од клучните карактеристики на производите е нивниот изглед, верен на оригиналот.

„Ако немам двоглед, нема да можам да кажам од далечина од 150-200 метри дали е вистинско оружје или мамка“, рече тој.

Во исто време, моторот што се користи за надувување зрачи топлина, што може да ги измами непријателските инфрацрвени сензори.

Фресер објасни дека поединечните мамки чинат помеѓу 10.000 и 100.000 долари, што е многу помалку од цената на проектилите потребни за нивно уништување.

„Ако го принудам непријателот да го уништи мојот производ со нешто што е најмалку четири пати поскапо, а во пракса дури и 20 пати поскапо, тогаш победувам во економска смисла“, вели Фресер.

Кумаресан рече дека компанијата постојано ги надградува своите производи и размислува да ги направи мамките мобилни во иднина.

„Инфлатек“, која првично создаваше мамки за воена обука, произведува играчки или модели според желбите на клиентите.

„Ние правиме производи во согласност со специфичните потреби на клиентите. Ние не сме е-продавница каде што можете да изберете”, рече Фресер.

Тој додаде дека „нема ограничување“ за производство или палета на производи и дека компанијата очекува забрзан раст во следните три години.

„Се разбира, повеќе би сакал да произведувам играчки за деца, но прво треба да им гарантираме живот во безбеден свет“, нагласи Фресер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…

Путин: Ќе одговориме реципрочно на распоредувањето на…

Русија ќе смета дека е ослободена од…

Си-Ен-Ен: На Трамп било пукано од три…

Според наодите од аудио вештачењето, за време…

Чешка до крајот на годината ќе ѝ…

Чешкиот претседател Петр Павел ја најави претстојна…

Путин не ја исклучува можноста да испорача…

Русија го задржува правото да испорачува оружје…