Мојсоска: Наместо чистка на нелегалното оружје, ДПМНЕ ја зголемува границата за поседување на куршуми и после гледајте престрелки секој ден!

t

Наместо чистка на нелегалното оружје, ДПМНЕ ја зголемува границата за поседување на куршуми, реагира пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.

– Денес на дневен ред во Собрание се измените на законот, со кои физичко лице наместо 200 куршуми, ќе може да поседува 500 КУРШУМИ ГОДИШНО?!

Пазете, Македонија е рекордер за нелегално оружје.

📍Од 620.000 парчиња огнено оружје во Македонија, 450.000 се смета дека е нелегално. Односно, повеќе од половина од оружјето во државата е нелегално!

📍Од 100 лица, 30 лица поседуваат оружје. Од овие 30 лица, само 8 имаат дозвола за поседување оружје, а 22 НЕМААТ!

Наместо чистка на нелегалното оружје, ДПМНЕ-ЗНАМ ја зголемуваат границата за поседување на куршуми, а вие ќе продолжите да читате секој ден за престрелки пред кафичи и полициски станици. – напиша Мојсоска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема оружје за Украина? Трамп: И нам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Индија се откажа од купување на руските…

Индија го откажа договорот со Русија за…

Американските автомобилски компании ќе произведуваат оружје!

Американските автомобилски компании ќе почнат да произведуваат…

КБС ќе добијат ново оружје во вредност…

Косовските безбедносни сили наскоро треба да добијат…

Стрелачки клуб од Прилеп им продавал оружје…

Стрелачки клуб од Прилеп ќе одговара за…