(Видео) Шпанскиот крал со кал и камења дочекан при неговата посета на поплавените подрачја

t

Шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција за време на посетата на општината Паипорта, една од најтешко погодените од катастрофалните поплави неделава, беа дочекани од стотици гневни граѓани кои по нив фрлаа кал и извикуваа „убијци“.

Еден човек со шипка го нападнал кралот и останатите членови на неговата придружба. Тој замавнал неколку пати, по што полицаецот го совладал. Реагирало и обебзедувањето кое се обидело да го заштити кралот со чадор.

Жителите на шпанскиот регион Валенсија тврдат дека се чувствуваат напуштени од државата, а посебно се разочарани што според нив не била навреме издадена тревога да се напуштат домовите кога поплавите почнале да се засилуваат. Демонстрантите барале одговори зошто ништо не е преземено за да се избегне трагедијата во која загинаа повеќе од 200 лица.

View this post on Instagram

A post shared by 24sata (@24sata.hr)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Шпанскиот крал со кал и камења…

Шпанскиот крал Фелипе Шести и кралицата Летиција…

Нова трагедија: Имало ли пропусти во лекувањето…

Имало ли пропусти во лекувањето на бебето,…

Протест пред Владата во Белград по падот…

Во Белград, пред зградата во која се…

Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера…

Европа ќе мора да ја преиспита својата…

Хорор! Мајка пријавила во полиција обид за…

Триесет и петгодишна жена од Скопје со…