(Видео) Шутаров во „Тешки муабети“: Следува целосна реорганизација и обнова на СДСМ, ДУИ ќе оди во опозиција

t

–  Следува целосна реорганизација и обнова на СДСМ, вели  во гостување во „Тешки муабети“ советникот во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, Гордан Шутаров.

– СДСМ е на власт од 2017 година, кога ќе се прават анализи што довело до ваков резултат, ќе треба да се земат предвид сите одлуки и на државно и на партиско ниво, каок тие влијаеле на одлуката на граѓанинот да излезе да гласа „за“ или „против“ одредена политичка опција.
Тоа се долги, опсежни процеси. Претседателот кога излезе на прес-конференција нагласи дека следува процес на реорганизација кој не треба да се брза затоа што можат да се донесат погрешни одлуки, вели Шутаров.

 – Изборниот процес сѐ уште не е завршен, но пратеник плус не ја менува суштината и големата слика. Јас и новото раководство на СДСМ треба да се залагаме за една изборна единица, но за тоа подоцна, Во СДСМ има искрени членови, ова ќе ни бидат трети внатрепартиски избори, тоа значи дека целото раководство, централен и извршен одбор, сите претседатели на општински организации се во оставка и ќе следи еден комплетно нов избор на ново раководство. Тој процес ќе биде разберен од активистите, тие се присутни, секојдневно доаѓаат во општинските организации и мислам дека СДСМ успешно ќе го спроведе овој процес на реорганизација, вели Шутаров.

На прашањето дали има амбиции за повисока функција, Шутаров нагласи дека целата младост е дел од СДСМ, но дека се задржува на делувањето во Град Скопје.

– Мој личен став е дека пратеничките листи требаше да бидат подобри, дел од таа кадрова понуда треба да бидат предмет на ревизија, како и сите одлуки од 2017 година до сега. Во СДСМ има многу добри, млади, прогресивни кадри. Раководството кое ги донело тие одлуки ќе треба да дадат отчет и ќе дадат отчет на Конгрес исите членови ќе си го кажат своето мислење, но не јавно, по Фејсбук. Кривицата ја гледам во сите кои учествувале во носењето на тие одлуки, вели Шутаров.

– ДУИ нанесе штета на СДСМ како константен политички опонент. Во 2016 година граѓаните не ја дадоа довербата за понудата на Зоран Заев за да ДУИ оди во опозиција. Тие непромислени потези на функционери во СДСМ, играње фудбал и кошарка по канцеларии, даде слика дека ДУИ прави се што сака. Не велам Албанците, велам ДУИ, нагласи Гордан Шутаров.

Шутаров нагласи дека СДСМ ќе го разгледува и ова прашање на претстојниот Конгрес.

– Сметам дека СДСМ требаше да се оттргне од ДУИ уште на локалните избори и по нив, вели Шутаров.

Тој нагласи дека СДСМ донело многу државнички политики, кои доколку се одолговлекуваат се носат полоши одлуки на штета на државата.

ДУИ ќе оди и треба да оди во опозиција, вели Шутаров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му одговори на Мицкоски: Ние сме…

„ДУИ како државотворна партија е гарант за…

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…