(Видео) Ѓурчевски: Наменски структури отцрнуваа полициски структури, бранители од 2001 и ја уништуваа полицијата во Македонија

t

Имаше ситуација каде запленуваме возило кое шверцува определена стока, доаѓаат од Службата за државна безбедност и велат национален интерес е ова возило да биде ослободено, нема врска дека шверцува цигари.

Немавме можност ни да се спротивставиме, да прашаме зошто, вели во денешната епизода на Тешки муабети поранешинот началник во МВР, Љубомир Ѓурчевски.

– Кој смеел да му се спротивстави на Силјан Аврамовски? Ни ги следеле жените, нас не следеле. Јас сум еден од најпреслушкуваните во аферата Таргет-Тврдина, јас сум жртва таму.

Во 2002 година се носи наменска структура која има за цел да ги отцрни сите бранители од 2001 година, особено од полицијата. Таа структура доби задача да ја исцртаат италијанско-бугарската граница на окупација од 1941 година во 2004 година со Законот за територијалната поделба.

Таа структура беше краткотрајна но за 4 години направи таков пустош во државата, што тоа не се поправи. Тогаш се продаде ЕСМ, златната кокошка од која се добиваат 340 милиони евра легален профит од лошата приватизација, тие одат во Германија, Австрија, Унгарија.

ОЈО треба еднаш засекогаш да влезе и да види таму што се случувало и да апси, ова е веќе дно и не може подолу, вели Ѓурчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Гранати, експлозиви, цел арсенал… Еве што…

Експлозив и оружје е најдено во Арачиново,…

Тошковски се огласи за Груби: МВР има…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку…

Од МВР го потврдија грабежот на банка…

Околу 13 часот е пријавен обид за…

Тошковски на прашање на Инфомакс: Еден од…

На јавноста ѝ е познато кои двајца…

(Видео) Тошковски со детали за трите акции…

Во изминатите денови МВР во координација со…