(Видео)  Јакимовски: Враќање на достоинството на македонскиот народ, јакнење на економската дипломатија и проекти од 50 милијарди евра!

t

Како претседател ќе се залагам за јакнење на македонските позиции во НАТО, за враќање на почитта кон македонските граѓани и јакнење на економската дипломатија, изјави денеска од Ѓорче Петров претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски.

-Најнапред, сакам да го честитам денот на здравјето, денот на здравствените работници, за што подоцна Д-р. Добрила Андоновска ќе се обрати.

Јас би сакал да кажам што како претседател на Република Македонија ќе инсистирам во делот на надворешната политика. Таа оди во три главни правци, прво, јакнење на нашите позиции во НАТО-структурите и заложба за малку поголем респект и малку повеќе почит и кон дрѓавата и кон граѓаните на Република Македонија, како од НАТО, така и од нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави и од Европската унија.

Исто така, продолжуваме на патот кон Европската унија, сѐ што треба реформи да правиме, ќе правиме, но со јасно ставање до знаење на Европската унија и на сите членки дека Република Македонија е подготвена да чека на прием до 2030 година. Ако до тогаш не бидеме примени, ние не сме подготвени повеќе да седиме пред вратите на Европската унија, таму застануваме, а не се откажуваме од европскиот пат но тогаш ќе бараме сопствен пат за развој на Република Македонија, а пред сѐ за носење на инвестиции и за отворање на работни места, затоа што ваквата нивна политика со сѐ нови и нови барања, со долгогодишни притисоци врз јавноста, врз нас Македонците, практично ни ги исели нашите деца и ние останавме во празна држава.

Следната работа е нашата надворешна политика, пред сѐ јакнење на економската дипломатија и особено јакнење на економската дипломатија во земјите кадешто имаме силни трговски врски, но во исто време ќе инсистирам да Република Македонија подготви проекти за најмалку 50 милијарди евра со коишто ќе се побараат директни странски инвестиции во нашата држава.
На таков начин ќе се подигне економијата, ќе се отворат нови работни места, ќе се зголеми бруто-општествениот производ, но во исто време и да се подготви државата за обновата во Украина. – истакна Јакимовски.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…