(Видео) Јакимовски со порака на Фејсбук: Јас не сум човек кој се откажува, ветувам дека ќе се борам до крај и нема да се предадам – Македонија заслужува претседател кој има став и визија за напредок на државата!

t

Ниту јас, ниту било кој член од моете семејство заслужил да се најде на листа на која се наоѓал Осама Бин Ладен, Рамзан Кадиров и ИСИС.

Во изминативе 10-тина години се соочив со политички прогон, поразив тешка болест, а граѓаните на Карпош ми ја направија најголемата чест, ми ја дадоа својата доверба, гласаа за мене и станав по четврти пат градоначалник на општина Карпош, ниту на крај памет не ми дошло да го оштетам буџетот на општината на било каков начин.

Јас не сум човек кој се откажува, ветувам дека ќе се борам до крај и нема да се предадам. Македонија и македонскиот народ заслужуваат претседател кој има став и визија за напредок на државата.

Од тие причини вчера поднесов кривична пријава против Н.Н. сторител, кој се обидува да го наруши угледот и интегритетот на мене и моето семејество. Моите информации говорат дека одредени структури во Македонија кои не и мислат добро на државата редовно кодошат по амбасади политичари и јавни чинители за заштита на своите лични интереси.

Што се однесува на наводите и причината поради која наводно се најдов на црната листа, ги повикува сите домашни и странски истражни органи да направат истрага за тоа што Стевче Јакимовски погрешил, отворен сум за соработка и подготвен да одговорам на сите прашања затоа што знам дека се што сум направил во својата полтичка кариера сум го направил во интерес на Македонија и граѓаните на оваа држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…

Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…

Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…

Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…

Лишени од слобода двајца кумановци: Возеле под…

Лишени од слобода двајца возачи во Куманово…

Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…

Израел е на пат кон остварување на…