(Видео) ЈАНАКИЕСКИ ПОВТОРНО ОДНЕСЕН ВО ЗАТВОР ВО ИДРИЗОВО: “Не се чувствувам безбедно, под седативи сум!”
Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, правосилно осуден за „Титаник“ е однесен во затворот „Идризово“. Тој за „Макфакс“ посочил дека не се чувствува безбедно. Јанакиески со торби влезе во полициското возило, кое дојде да го спроведе.
„Земајќи во предвид што ми се случи претходно – не, но се ќе се издржи. Важно е фамилијата да биде здрава и жива“, рече Јанакиески за „Макфакс“.
Со оглед дека кажа дека не се чувствува безбедно, а во истражниот затвор „Скопје“, пред четири години беше нападнат од лица поврзани со случајот „Диво Насеље“, тој не сакал да одговори дали се плаши од ликвидација.
Прашан за здравствената состојба, Јанакиески кажа: „Под седативи“.
Тој не знаеше до каде е процедурата за спојување на притворите од 4,6 години, за да му се засметаат во казната во „Титаник“.
Јанакиески е осуден на 3,6 години затвор во случајот „Титаник“ и е единствен до сите кои поднесоа жалба, што доби затворска казна. На остнаатите, казните им беа ублажени во условни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Продолжен притворот за ќерката која со чекан…
Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд…
Син на турски градоначалник почина во затворот…
Онур Ѓунај, синот на градоначалникот на општина…
36-годишен затвореник од Скопје пронајден мртов во…
Затвореник кој одлежувал казна во затворот „Скопје“…
Ексклузивно: Пандов би рекол „хотел промаја“ –…
По внатрешна контрола во затворот Шутка повторно…
Масовна тепачка во Шутка!
– Денеска (05.08.2024) во 00:30 часот во…