Откриени 70 телефони во еден ден кај притвореници при претрес во ќелиите во Шутка

t

Седумдесет телефони само денеска биле откриени кај притвореници во Истражниот затвор „Скопје“ (Шутка) во претреси во 40 ќелии, извршени од интервентна единица од затворот „Идризово“, соопшти директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов.

Во интервју во Дневникот на ТВ Сител тој рече дека затворскиот полицаец во саботата не ја проверил кутијата со бисквити во која бил телефонот за Васил Јованов и се сомнева, рече, дека тој не знаел што има внатре односно „тоа не го направил онака, од наивност“. Затворскиот полицаец е суспендиран во саботата, а наредниот ден и негов колега, исто така, бил суспендиран за телефон даден на притвореничка.

-Од една притворска ќелија, даден е телефонот преку кутија со бисквити во друга притворска ќелија и тоа го направил затворски полицаец… Убиецот на Фросина бара телефон, стапува во контакт со ова лице, тој го насочува парите да бидат исплатени на неговиот брат, 250 евра се дадени. Тројца сведочеа и истото го повторуваа, дека близок, од најтесен круг на семејството на Јованов, ги има дадено тие пари на братот на другото притворено лице, рече Пандов.

Тој тврди дека во најголем дел мобилните во затворите ги внесуваат затворските полицајци и дека во корумпирано општество како нашето, затворскиот систем е најкорумпиран. Освен новите раководители на затворите, во овие казнени установи, рече, работи истиот персонал што го наследиле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

183.981 евра од хипотека од недвижен имот…

По една година помината во притвор, екс…

Обвинителството бара притвор за 31 годишникот кој…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Побаран притвор за 19 годишникот од село…

Обвинителството соопшти дека наредило обдукција на телото…

Ја влечел, па ја удирал со шлаканици,…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…

Шестмина во притвор, четворица во куќен притвор…

Шест лица одат во притвор, осомничени за…