(Видео) Јаулески: Го запалија автомобилот на брат ми, пред некој месец мафијашки упаднаа во домот, не им се плашам!
За влакно избегната трагедија во семејниот дом на струшкиот пратеник Јован Јаулески. Инцидентот се случил синоќа околу 21:15 часот,кога во куќата каде што живее неговиот брат со сопругата и 8 месечното бебе,бил запален автомобилот.
Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин.Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале-видно вознемирен, вели Јаулески. Среќа во несреќа што во моментот кога вивнал пламенот,мои сограѓани кои поминувале пред куќата,почнале да свитат од авотомобилите и да го довивуваат мојот брат,кој не знаел што се случува. Опожарениот автомобил беше паркиран во дворот под настрешница од дрвена кострукција, така што доколку не се забележеше пожарот веднаш, пламените јазици ќе ја зафатеа и куќата, во која напоменувам дека во тој момент беше мојот брат со сопругата и 8 месечниот син.
Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели -додава пратенокот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Така да ако ова е некаква порака до мене или до моето семејство за заплашување, длабоко се лажат,тоа нема да се случи ,напротив ќе продолжиме уште поцврство во она во што веруваме.И уште еднаш ќе потенцирам, очекувам органите на прогонот да ги најдат сторителите и најостро да се казнат, затоа што ова веќе не наликува на држава, наликува на некоја афричка држава од третиот свет која што нема ни систем на демократија рече Јован Јаулески-пратеник.
Инаку пред точно 3 месециприпадници на финасиската полиција во ситни саати упаднаа во станот на пратеникот Јован Јаулески во Скопје и два и пол часа вршеле претрес .Тој како што самиот вели, мафијашки упад беше по политичка нарачка. И ако ова што се случи синоќа е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам-завршува Јаулески.Од СВР Охрид велат дека се превземаат мерки за расчистување на случајот.
Инаку Јован Јаулески е од Струга, а ова е негов прв пратенички мандат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…