(Видео) Ќе го решаваме проблемот со паркингот во Скопје: Ќе започнеме од монтажни паркинзи, но и катни гаражи од поголем обем
Проблемот со паркингот во Скопје ќе се решава со монтажни гаражи, истакна градоначалничката Арсовска во денешното гостување во Наше Скопје.
– Многу години, ако не и децении се градело неплански. Се градело каде ќе се стигне, како ќе се стигне, а немало план и немало план за паркинг местата.
Она што го слушаме од граѓаните е дека граѓаните во ниските станбени згради не ги користат паркинзите, можеби поради менталитетот, но и во градот паркинг местата не се прилагодени за ова што се случува. Пред 40 години може било доволно по едно место, сега секое домаќиство има по повеќе возила.
Ние ќе се обидеме каде што има таква можност да направиме монтажни паркиралишта, тоа е поедноставно, може да се паркира, а понатаму доколку има потреба може и да се дислоцира, а вакви паркиралишта се предвидени на неколку локации.
Подоцна и со катни гаражи ќе се решава проблемот, ама не да се претворат во шопинг центри туку да бидат катни гаражи. Притоа ќе се грижиме да бидат по сите стандарди не само за лицата кои паркираат туку и за лицата со попреченост, истакна градоначалничката.
Следете ја смисијата во живо на следниот ЛИНК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…