(Видео) Ќе те искршиме, гледај лево-десно кога ќе излезеш надвор! Какви закани добиваат непослушните членови на ВМРО-ДПМНЕ?!
Последните две недели имав јавувања од луѓе внатре од партијата, не сакам да ги именувам, кулминацијата беше недела навечер, на Твитер и од неколку Телеграм акаунти:
Дали планираш да излезеш надвор, што ќе ти се случи кога ќе излезеш надвор, погледни лево десно кога ќе излезеш надвор, ќе те искршиме, ќе се срамиш да излезеш надвор, ја издаде партијата, ова беа пораките.
Ова денеска го кажа советничката во Советот на Град Скопје, Ирена Витина, во денешната епизода на Тешки муабети.
Јас не знам кој стои зад ова, ќе си истражат органите ако се способни да истражат, јас им вратив на сите да ми се јават да комуницираме, веднаш после таа порака ме блокираа.
Ќе цитирам изјава на советничка од Советот, ова е изјава на жена кога почна ова со Данела: “Не знае што ќе ѝ се случи, не е свесна што ќе ѝ се случи”.
Јас во таква советничка група не можам да бидам, да учествувам, вели Витина.
– Сите што се купени мислат дека секој е продаден, јас не сум пазарџија, јас сум човек со интегритет, тие што ме познаваат лесно е да судат, нека влезат во моите чевли, да поминат што сум поминувала, па нека пишуваат се што пишуваат по Твитер, завршува Витина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците
Првиот амандман, кој имаше за цел да…
Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…
Долг на фирма не е кривично дело,…
„И лавот му рече на орелот мјау“:…
Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…
(Видео) Николова: Мицкоски без грам совест и…
Предложениот ребаланс на буџетот не ветува дека…
Крајно време е Максим Димитриевски да излезе…
Невидено во унитарна држава! Министерот за здравство…