Објавено на:

(Видео) Џонсон: Ситуацијата е парадоксална, Путин има простор да се повлече – Не очекувам употреба на нуклеарно оружје

t

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во денешното интервју за ТВ „Талк“ дека не очекува рускиот претседател Владимир Путин да нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.

На прашањето дали очекува Путин да размисли за користење тактичко нуклеарно оружје доколку претрпи нови воени порази, Џонсон рече: „Не, не го очекувам тоа“.

„Со оглед на широката поддршка што ја има во Русија за она што го прави и бидејќи руските медиуми не известуваат за тоа што навистина се случува во Украина, имаме парадоксална ситуација кога Путин има многу повеќе политички простор да се повлече. “, рече Џонсон.

Тој додаде дека „многу е важно Западот да не го прифати начинот на кој Русија се обидува да го претстави она што се случува во Украина“.

„Москва тоа го претставува како конфликт меѓу Русија и Западот или Русија и НАТО. Тоа не се случува“, рече Џонсон.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Путин најави одговор за влезот на Финска…

Хелсинки немаше „неволји“ со Москва со години,…

Трамп: Бајден со политичкиот прогон врз мене…

Рускиот претседател претходно изјави дека обвинението за…

Путин: Русија ќе спречи какво било странско…

Русија ќе спречи какво било странско мешање…