(Видео) Џонсон: Ситуацијата е парадоксална, Путин има простор да се повлече – Не очекувам употреба на нуклеарно оружје
Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во денешното интервју за ТВ „Талк“ дека не очекува рускиот претседател Владимир Путин да нареди употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина.
На прашањето дали очекува Путин да размисли за користење тактичко нуклеарно оружје доколку претрпи нови воени порази, Џонсон рече: „Не, не го очекувам тоа“.
„Со оглед на широката поддршка што ја има во Русија за она што го прави и бидејќи руските медиуми не известуваат за тоа што навистина се случува во Украина, имаме парадоксална ситуација кога Путин има многу повеќе политички простор да се повлече. “, рече Џонсон.
Тој додаде дека „многу е важно Западот да не го прифати начинот на кој Русија се обидува да го претстави она што се случува во Украина“.
„Москва тоа го претставува како конфликт меѓу Русија и Западот или Русија и НАТО. Тоа не се случува“, рече Џонсон.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…
Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…
Путин го разреши заменик шефот на неговата…
Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…
Трамп побара од ЕУ да го притисне…
Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…