(Видео) 30 години синдикатите во Македонија се искористуваат за политички поени: Зошто никој не дискутира за превработеноста во ЈСП?!
Во ЈСП има превработеност од 300 до 600 лица, тоа се околу 250.000 евра месечно, годишно 3.000.000 евра кои седат на платен список и никој од советниците не ја постави таа дилема и не праша зошто се плаќаат луѓе кои седат дома.
И синдикатите не прашаа за ова, зошто некој седи дома и им го јаде нивниот леб, на тие што работат, вели Александар Митовски во денешната епизода на “Тешки муабети”.
– Законот има решение, 3 дена ако не доаѓаш на работа без оправдување добиваш отказ, вели Стевчо Јакимовски.
Милош Милошевски досава дека 30 години во Македонија синдикатите се искористуваат за полтиички поени.
– Трагедија е што истиве синдикалци не излегоа пред Владата да протестираат за 18% инфлација, за највисоката инфлација во Европа, можеби сме меѓу највисоките во светот, каде е она покачување на платите во просветниот сектор? Кај се да протестираат? Синдикатите во Македонија 30 години се злоуптребуваат и искористуваат за политички поени, вели Милошевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Учениците ќе се возат бесплатно во автобусите…
Од ЈСП Скопје информираа дека средношколците кои…
ЈСП ќе вози по неделен ред за…
ЈСП – Скопје информира дека по повод…
Повторно нападнат возач на ЈСП додека управувал…
Нов напад на возач на автобус на…
Нови 11 МИЛИОНИ во џебот на Маратон…
Државната лотарија на Република Македонија склучи договор…
Човек кој немал билет нападнал и тепал…
Контролор во автобус на ЈСП „Скопје“ синоќа…