Видете кои се: Владата објави “Црна листа” на македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во ИСИС и Сирија!

t

Владата на Република Македонија за прв пат објави список на 15 македонски државјани кои учествувале во паравоени формации во Сирија и „Исламска држава“ (ИСИС). На нив им се воведени финансиски санкции поради учество во војната во Сирија и финансирање други за учество во војната.

Имињата на 15 мажи на возраст од околу 30 години кои ја напуштиле Македонија за да се приклучат на милитантната организација „Исламска држава“ во војната во Сирија за првпат се појавија на списокот објавен од македонската влада во Службен весник и на веб-страницата на Управата за финансиско разузнавање.

Тие финансиски се казнети со одлуката на Владата за учество во војната во Сирија која трае 11 години и обезбедување пари за други да учествуваат во војната како дел од ИСИС. Станува збор за лица кои не се во земјава и против нив веќе е спроведена истрага и распишана е меѓународна потерница.

Одлуката на Владата за рестриктивни финансиски мерки значи дека на овие лица им се забранува користење, пренесување или на друг начин да располагаат со имот, забрана за ставање на располагање на кој било имот, директно или индиректно, и забрана за воспоставување или продолжување на деловен однос.

Петнаесет лица од финансиската „црна листа“ ја напуштиле земјата во 2014 и 2015 година како членови на ИСИС за да се борат во Сирија. Некои од нив беа кривично гонети за обезбедување пари за луѓето кои заминуваат или присутни во Сирија, додека друг дел ги охрабрува другите луѓе со семејства да заминат во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската војска соопшти дека убила висок функционер…

Американската војска во Сирија го уби високиот…

Србите меѓу земји со најевтина струја во…

Електричната енергија е еден од највиталните ресурси…

Турција уапси 48 осомничени поврзани со ИСИС…

Турција уапси 48 осомничени поврзани со Исламската…

Песков објасни зошто властите не го поврзуваат…

Официјалните власти на Руската Федерација не ги…

По нападот во Москва, Франција го покрена…

Француската влада го покрена нивото на тревога…