Викендов избегнувајте патување во Србија
Српското јавно претпријатие „Патишта на Србија“ упати апел до возачите да не тргнуваат на пат без итна потреба и да бидат особено внимателни во ноќта меѓу сабота и недела, кога се очекува нагло влошување на условите на коловозите.
Според предупредување на Републичкиот хидрометеоролошки завод, во ноќта меѓу 3 и 4 јануари се најавуваат врнежи од дожд што ќе замрзнуваат на тлото, додека во северните и источните делови на Србија се прогнозира пообилен снег. Токму комбинацијата на леден дожд и снег е ризикот што најбрзо го претвора патот во клизалиште и ги прави непредвидливи и најкратките релации.
Од „Патишта на Србија“ препорачуваат, доколку патувањето е неизбежно, возачите задолжително да имаат целосна зимска опрема и синџири, да ја прилагодат брзината и строго да ги почитуваат ограничувањата, затоа што условите може да се менуваат од километар до километар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Викендов избегнувајте патување во Србија
Српското јавно претпријатие „Патишта на Србија“ упати…
(Видео) Нов вознемирувачко видео од трагедијата во…
На социјалните мрежи се појави ново, вознемирувачко…
Повреден вработен во армијата додека извршувал работни…
На 01.01.2026 во 16:49 часот во СВР…
Загинатите во возилото што падна во реката…
Двете лица што денеска загинаа во сообраќајна…
ЦУК со апел за претпазливост: На одделни…
Центарот за управување со кризи ја известува…