Викендов на “Криволак” ќе започне најголемата воена вежба што се реализирала во нашата држава

t

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе биде одржан брифинг за вежбата „Swift Response 22“, што ќе започне викендов и која и е досега најголемата вежба што се реализира во земјава.

– Вежбата има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции, како и демонстрирање на капацитетите на АП „Криволак“ за изведување и на ваков вид на воени вежби, информираат од Министерството за одбрана.

Како што посочуваат, на брифингот ќе бидат презентирани сите можности за медиумско покривање на вежбата, а медиумите подетално ќе бидат информирани и за целта и учесниците на вежбата.

По брифингот, министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј, ќе дадат изјави за медиуми.

Извор: Сител ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската армија ќе одржи методско-показна вежба на…

Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во…

Пожар во фурна во Криволак

Во ОВР – Неготино рано изутрина, во…

Сиљановска им се заблагодари на сите држави…

Ветрот кој дува и го менува правецот…

Три лица фатени со алат за копање…

Вчера полицијата привела три лица кои биле…

Од 12 април до 19 јули нова…

Од 12 април до 19 јули на…