Три лица фатени со алат за копање на армискиот полигон Криволак
Вчера полицијата привела три лица кои биле затекнати на армискиот полигон Криволак со алат за копање.
„На 14.04.2024, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Б.А.(49) од с.Никуштак, општина Липково, Р.М.(49) од с.Вакуф, кратовско и Б.А.(36) од с.Орланци, скопско. Од припадници на армијата тие биле затекнати со патничко возило „сеат алхамбра“ со скопски регистарски ознаки во армискиот полигон Криволак. При преглед во возилото биле пронајдени металдетектори и скенер за вршење археолошки истражувања и алат за вршење ископ“, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре на полигонот „Криволак“ ќе се уништи…
На полигонот „Криволак“ утре ќе се уништи…
Неготинец неовластено влегол во воениот полигон „Криволак“
Жител на неготинското село Црвени Брегови неовластено…
На Криволак примопредадени новите артилериски системи „боран“…
На армискиот полигон „Криволак“, министерот за одбрана…
Македонската армија ќе одржи методско-показна вежба на…
Премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорката на САД во…
Пожар во фурна во Криволак
Во ОВР – Неготино рано изутрина, во…