Вимблдон го менува начинот на прогласување на имињата на шампионите
Организаторите на најстариот Грен слем турнир, на нешто повеќе од еден месец пред почетокот на натпреварувањето во предградијата на Лондон донесоа нова одлука околу начинот на објавување на имињата на шампионите.
Според одлуката, Британците одлучија од оваа година да нема префикси за шампиони и шампионки (господин и г-ѓа), туку имињата на шампионите ќе бидат напишани исклучиво со името и презимето, пишува „Тајмс“.
Како што се наведува, причина за ваквата одлука е модернизацијата. Вимблдон на тој начин ќе го смени правилото кое е на сила од 1884 година.
Исто така, досега беше пракса да се пишуваат иницијали од презимињата на сопрузите меѓу нивните имиња и презимињата на венчаните тенисери, но и тоа е минато.
Така, во случајот на ланскиот шампион, Новак Ѓоковиќ, отсега наместо „господин Новак Ѓоковиќ“ ќе стои само „Новак Ѓоковиќ“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Громогласен аплауз: Кејт Мидлтон пристигна на…
Принцезата од Велс, Кејт денеска се појави…
Астрономски цени на билетите за финалето на…
Ден откако беше познато дека Новак Ѓоковиќ…
Барбора Крејчикова од Чешка е новата кралица…
Барбора Крејчикова ја освои историската прва титула…
Кејт Мидлтон утре ќе присуствува на машкото…
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон утре ќе…
Ѓоковиќ: Бомби ми паѓаа над глава додека…
Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња,…