Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ

t

Соопштение на СДСМ

Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на Петков и ВМРО-ДПМНЕ.

Така наречениот отчет на градоначалникот Миле Петков и ДПМНЕ е најдобар доказ за четири години катастрофално и досега невидено лошо владеење на една локална власт во Виница.

Наместо вистински отчет видовме обид за замачкување на очите на јавноста и бегање од одговорност за неисполнетите ветувања.

Затоа таканаречениот отчет беше во скап хотел а не на улиците, во градот и селата во Виница. Затоа што реалноста е разочарувачка.

Ниту еден од капиталните проекти од програмата на Петков и ДПМНЕ за Виница не се реализирани.

– Булевар на влезот во Виница,

– Индустриска зона за мало стопанство,

– Нова автобуска станица,

– Спа центар на Топлички рид,

– Изградба на локалниот пат Трсино – Голак,

– Туристичката викенд населба на Плачковица.

Ништо од ова не е реализирано, заедно со еден куп други ветени а не реализирани проекти.

Но затоа граѓаните на Виница од ДПМНЕ и Петков добија поскапи сметки и полош квалитет на живот:

Зголемен данок на имот за 300%. Сметки за вода повисоки за над 20%. Укинати студентски стипендии. Партиски вработувања, сообраќаен хаос, темни улици и уништено зеленило.

Петков мораше да се фали со наследени проекти од претходната власт на СДСМ и неколку асфалтирани улици, да ги претстави како „историски успех“.

Но фактите говорат: сегашната власт нема реализирано ниту 20 километри улици, наспроти 45 километри изградени во времето на СДСМ.

Виница денес изгледа како мала депонија од не собереното ѓубре и смет, собирен центар за кучиња скитници, со небезбедни кратери од вода и хаос од неправилно паркираните возила, со запуштени зелени површини и ниту едно ново засадено дрво. Тоа сликата за Виница после 4 години неспособна локална власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Да не дозволиме оваа казна да продолжи уште четири години! Локалните избори се шанса за промени во Виница.

Време е за нов почеток и одговорно работење! Време е да се избориме за Виница каква што сите ја заслужуваме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виница 4 години назадува, катастрофално владеење на…

Соопштение на СДСМ Виница 4 години назадува,…

Шпигел: Мерц би можел да ја номинира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја разгледува опцијата…

Затвореник нападнал и повредил полицаец во КПУ…

Осуденик кој отслужува затворска казна во затворот…

ФФМ доживотно го суспендираше младиот фудбалер на…

Врз основа на собраните изјави, службени извештаи…

(Видео) Заврна снег во Романија

Летото сè уште не е завршено, но…