Затвореник нападнал и повредил полицаец во КПУ „Идризово“

t

Осуденик кој отслужува затворска казна во затворот Идризово денеска околу 11 часот физички нападнал припадник на затворската полиција додека бил на службена должност, информираат од Синдикатот на Затворската полиција и администрација во Македонија.

Оттаму велат дека затвореникот К.А. го нападнал затворскиот полицаец Д.К. со тупаници, со што тој се здобил со телесни повреди во пределот на главата и телото, а по брзата интервенција на затворската служба, напаѓачот бил веднаш изолиран, а повредениот полицаец бил префрлен на медицински третман и моментално е во стабилна состојба.

Од Синдикатот на Затворска полиција упатија официјално барање до Управата за извршување на санкциите и до управата на КПД Идризово да го осудат овој чин на насилство врз службено лице и без одлагање да отпочнат соодветна дисциплинска и кривична постапка против сторителот, согласно законските прописи.

Во тек е внатрешна истрага за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот, а безбедносните протоколи во установата се дополнително засилени, додаваат од Синдикатот.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15-годишно момче донесено во болница без знаци…

15-годишно момче од Гостивар било донесено во…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…