Висока воена делегација од Романија во официјална посета на македонската армија
Висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.
Делегацијата од Романија ќе биде пречекана со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, по што ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски.
Главни теми на средбата, како што информираат од Армијата ќе бидат: процесот на трансформација на Армијата, учество на Армијата во меѓународни мисии, капацитетите за обука и вежби на армискиот полигон „Криволак“, можноста за билатерална соработка од областа на силите за специјални операции, заемна поддршка при исполнување на НАТО целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и други теми за унапредување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии.
За време на посетата генералот Влад, како што е најавено, ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Висока воена делегација од Романија во официјална…
Висока делегација на Вооружените сили на Романија,…
После проблемите со авионот, нападнато и возилото…
Лидерот на проруската Партија на преродбата, Костадин…
Битиќи: Со ново задолжување ДПМНЕ ја потврди…
Со новото задолжување, власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ…
Кривична и суспензија за полицаец од Чаир:…
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе…
Путин вели дека „се разбрал“ со Трамп…
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека постигнал…