Кривична и суспензија за полицаец од Чаир: Заборавил да им ги достави личните карти на 11 луѓе
Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава против Д.С., полицаец во Полициската станица Чаир, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в став 4 од Кривичниот законик.
Како што информираат од МВР, пријавениот полициски службеник во просториите на Одделението за управни работи во Скопје потпишал и подигнал 11 лични карти и извештај за скенирани лични карти за жители од подрачјето на ПО Мирковци, Општина Чучер Сандево. Тој не ги доставил документите до полициската станица во Мирковци, ниту пак пријавил дека тие недостасуваат. Со тоа на граѓаните им било ограничено правото навремено да ги подигнат личните карти, а им била нанесена и материјална штета.
Против полицискиот службеник ќе биде поведена и дисциплинска постапка. Тој ќе биде суспендиран до нејзино завршување, а како мерка му се одземаат службеното оружје и муницијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…