Вистиномер: СДСМ шири лажни вести за Град Скопје и ЈСП

t

Билетот на ЈСП не е поскапен, туку е воведенa дополнителнa опциja преку билет од 120 денари, кој ќе важи за еднодневно повеќекратно возење (граѓаните ќе можат да се возат со овој билет неограничен број пати во еден ден). Овој билет од 120 денари, како што најави ЈСП, ќе им биде од полза на туристите, на тие што сакаат да се возат со автобус во Скопје само еден ден од било која причина – Пишуваат од Вистиномер.мк

Советникот во Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, Мартин Попов, на прес конференција на 9 јануари 2022 година, меѓу другото, го изјави и ова:

„Наместо бесплатен јавен превоз, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го поскапуваат автобускиот превоз преку воведување на билет од 120 денари.“

[Извор: Прес конференција на советникот од СДСМ Мартин Попов, датум: 9. јан. 2022]

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:
Изјавата на Попов, во која тој тврди дека превозот во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е поскапен е невистина со елементи на политички спин. Причината е во тоа што билетот на ЈСП не е поскапен, туку е воведенa дополнителнa опциja преку билет од 120 денари, кој ќе важи за еднодневно повеќекратно возење (граѓаните ќе можат да се возат со овој билет неограничен број пати во еден ден). Овој билет од 120 денари, како што најави ЈСП, ќе им биде од полза на туристите, на тие што сакаат да се возат со автобус во Скопје само еден ден од било која причина.

Значи, превозот не поскапува, туку само се воведува нов тип на билет. Ново воведената услуга претставува билет за повеќекратно користење во текот на денот, што значи поевтинување на превозот за оние што ќе се возат неограничен број пати.

На веб страницата на ЈСП Скопје може да се најдат сите информации за тековно достапните видови на автобуски билети со нивните цени. Билет купен во возило за едно возење за сите линии е 35 денари, а 40 денари ако се плати од мобилен телефон. Ноќен билет за едно возење за сите лиии е 40 денари, а купен од мобилен 50 денари. Билет за 10 возења за 15 дена е 250 денари за градски линии и 300 денари за сите линии. Временски билет од 90 минути за повеќе возења, само од електронски паричник, преку валидатор, за сите линии е 60 денари. Еден дневен билет за автобус само од електронски паричник преку валидатор за градски линии е 120 денари и 150 денари за сите линии. Месечен билет за сите линии е 1050 денари за ученици и студенти, сезонски билет за јули и август за ученици и студенти е 600 денари.

Оттука, произлегува дека цените на веќе постоечките билети на автобусите не се променија со фактот што ЈСП воведе дополнителен тип на автобуски билет од 120 денари за повеќекратно возење во текот на еден ден. Според најавите на ЈСП овој билет е воведен како опција за граѓаните кои користат повеќе автобуси во текот на денот.

Според ова, заклучуваме дека изјавата на советникот Попов, дадена на прес конференција во која истакнува дека автобускиот превоз на ЈСП поскапел, е невистинита. Со тоа што е воведен нов тип на билет, не се принудуваат граѓаните да го користат доколку не сакаат да отстапат од веќе постоечките билети кои ги користеле претходно, а чија цена останува непроменета.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Гаши да одговора!

Откако не успеаја да го скријат скандалот…

СДСМ: И во наше време Османи сакаше…

Најголемата опозициска партија СДСМ упати низа обвинувања…

СДСМ до Мицкоски: Aко имаш докази објави…

„Откако дојде на власт, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ…

Филипче: МВР да истражи што се случило…

Недозволиво е за една ваква сериозна работа…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…