Вистинската мерка која реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, велат од СДСМ
Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, предлог што го достави СДСМ, соопштија од опозициската партија.
„Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до 2.000 денари месечно. Мерките на Владата, како што е замрзнувањето на маржите кои беа дел од т.н. есенска кошничка, се покажаа како неефикасни и немаа никакво влијание врз намалување на цените.
Доказ за тоа се цените во маркетите каде што се гледа дека нема никакво намалување, но и официјалните податоци на Државниот завод за статистика, кои покажaa дека цените на мало во октомври кога се спроведуваше мерката се намалиле за само 0,1%“ велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека трошоците за живот продолжуваат да растат, синдикалната кошничка во ноември оваа година е зголемена за нови 772 денари во споредба со октомври. СДСМ ја обвини власта и премиерто Мицкоски дека со погрешни економски политики само им одмагаат на граѓаните кои секојдневно се борат да врзат крај со крај.
Наместо нови мерки кои нема да дадат резултат владата треба да го прифати нашиот предлог за укинување на ДДВ на храната – мерка која директно ќе помогне во намалување на трошоците за живот и ќе даде вистинска поддршка на животниот стандард на граѓаните, порачаа од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вистинската мерка која реално ќе ги намали…
Вистинската мерка која ќе донесе реална корист…
И СДСМ се против зголемување на старосната…
СДСМ се придружи на Левица во ставовите…
Филипче за ДУИ: Научивме од грешките
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју…
Филипче по коментарите за новото раководство: Во…
„Членството, симпатизерите и граѓаните очекуваа да се…
СДСМ: Пукачите со огнено оружје среде Скопје…
Продолжуваат обвинувањата од СДСМ кон полицијата во…