Вистински Академик да ви каже: Со унилатералната изјава се откажуваме од македонските говори кои се основа на старословенскиот јазик!
Академик Катица Ќулавкова на Фејсбук реагираше на едностраната изјава на Македонија за македонскиот јазик во ЕУ, а особено на изјавата на Бујар Османи дека македонскиот јазик нема дијалекти надвор од територијата на Македонија.
– Со унилатералната изјава на Р с. Македонија, всушност, се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација. Просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време. Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици. Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот, напиша Ќулавкова на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Катица Јанева ни честиташе Нова Година…
Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците…
Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е…
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна…
Колумна на Ќулавкова: Северна Македонија е парабола…
Уставот на секоја држава е по правило…
(Видео) Прв македонски филм на „Netflix“ –…
Од петок (24.12) светската публика ќе има…