Ахмети за спорот со јазикот: Прифатливо е решението што е формулирано во Договорот со Бугарија

t

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на предновогодишна средба со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица, изјави дека државата нема потреба од предвремени избори, но има потреба да ги реши проблемите со кои се соочува.

Во однос на јазикот, Ахмети истакна дека конструктивноста на двете држави ќе помогне за решавање на овој спор, потенцирајќи дека е прифатливо решението што е формулирано во Договорот со Бугарија, посочувајќи дека Албанците се солидарни со своите сограѓани Македонци за решавање на овој спор и за надминување на овие разлики.

Нема преговори кои се лесни. Сите процеси поминуваат низ тешки патишта и со разлики меѓу страните, но значајно е што има конструктивен дијалог меѓу страните и добра волја и тоа влева доверба дека во иднина ќе има прифатливо решение. Сметам дека моите сограѓани Македонци како што би ги бранел еден Македонец нивните интереси, исто толку ги браниме и ние, затоа што имаме заедничка цел, а тоа заедничка стабилна држава, иднина и визија нашата земја да биде една напредна и функционална демократија, целосно интегрирана во ЕУ и НАТО – истакна Ахмети.

На прашањето за почнување на процес на ветинг, Ахмети вели дека тоа не треба да остане само на изјави во медиумите, туку да се спроведуваат конкретни дела и на одговорни функции во политиката, судовите, обвинителствата и полицијата да бидат лица со чиста биографија.

Ние сме разговарале со медиумите, со граѓанското општество и тоа треба да почне од политиката, судството, полицијата и да не остане само на изјави, туку да работиме конкретно. Да бидеме координирани и хармонизирани за да имаме успех. Во сите напредни земји, како во САД, така и во Европа, има илјадници функционери кои се затворени, додека кај нас политичарите и функционерите се малцинство во затворите – изјави Ахмети.

Во однос на европските перспективи на земјата, Ахмети посочува и дека постојат деструктивни сили кои работат против членството во ЕУ, посочувајќи дека тоа се истите сили кои беа и против Охридскиот и Преспанскиот договор и против Договорот со Бугарија, но се испреплетуваат и надворешни фактори, како што се руското и кинеското влијание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Шпигел“: Во Бугарија откриено складиште за оружје…

Бугарските истражни органи откриле складиште со оружје…

Бугарија од утре официјално е членка на…

Бугарија официјално стана членка на Шенген просторот…

Два земјотреси рано утринава ја стресоа Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

БУГАРИЈА ОДИ НА НОВИ ИЗБОРИ: Габриел ја…

Направивме многу отстапки“, рече кандидатката за премиер…