Витина: “Вмровците” се изгубија во желбата за блокада, предизвикуваат хистерија и бегаат од избори
Опозицијата во улога на тежок блокатор на сите процеси и сите проекти од програмата За модерно скопје не избирата начин како ќе блокираат. Но не го блокираа само буџетот, кој сега не им е јасен и не знаат што има во завршната сметка, таму многу добро стои како финансиски стоиме, рече на денешната седница на Советот на Градот Скопје, советничката Ирена Витина од советничката група “За Модерно Скопје”.
-Зошто претседателот на Совет се дрзна да не ја става точката на дневен ред за кредитно задолжување за набавка на еко-автобуси. Ако Градот Скопје е во лоша финансиска состојба како што вие хистерично сакате да претставите, како може да биде кредитоспособен и да бара финансирање за еко-автобусите.
Кога дојдовме во Советот во овој мандат градот не беше кредитоспособен.
Толку ли се изгубивте во оваа желба за блокада вмровци да барате вонредна седница, претседателот на Советот грубо да го прекрши деловникот и после да се каже дека градоначалничката не сака да има седница? Вие добро знаете каде беа вашите советници па не можеа да дојдат на седница.
Во моето минато како член на Совет одлуките ги носевме заеднички и се изјаснувавме ккао ќе гласаме, кога јас имав забелешки дека некои одлуки не се исправни, мене координаторката ми кажа дека порано советниците не ни знаеле кои точки ќе ги има на дневен ред. Така повеќе нема да се работи, затоа сме во оваа состојба!
Затоа овде е општа хистерија. Наместо да се запрашаме како Градот ќе ги плати овие камати заради нечие неодоговрно работење, ние дополнително ќе внесуваме хистерија дека градот бил во банкрот.
Како сакате градот да реализира проекти кога буџетот го изгласавме зошто “многу сакаме избори” ама ниедна програма на ниту едно претпријатие и сектор во градот, без ниту една забелешка не се гласаат оти брутално се блокира.
Градот има градоначалник но има и Совет и секој од нас си сноси одговорност, тука сме изгласани од граѓаните да работиме за граѓаните. Срамно е граѓаните ова да го слушаат, но гледаат и судат, рече Витина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…