Витина обзнани ШОКАНТНИ ИНФОРМАЦИИ: Славевски се потпишувал во име на отсутни советници во Советот?!
Независната советничка Ирена Витина на денешната седница на Советот на Град Скопје, изнесе шокантни податоци за претседавачот со Советот на Град Скопје, Трајко Славевски кој се потпишувал во име на отсутни советници од салата на Советот на Градот, а кои биле вклулени онлајн.
– Законот за локална самоуправа многу јасно ги пропишува надлежностите на градоначалникот и претседателот на Совет, Буџет предлага градоначалникот. Ние на седницата која претходно ни беше прекината, добивме предлог-ребаланс на Буџет од претседател на Совет кој 20 пати повторува дека бил министер за финансии.
Си се дрзна претседателот на совет да достави ребаланс на Буџетот и од оваа говорница кажа многу сериозни обвинувања. Требаше да поминат сите одмори за сега да кажете дека сакате да го одглавите Град Скопје? Брутално година дена го кршите Законот за локална самоуправа, статутот, деловникот за работа на Советот на Град Скопје. Вие грубо ја кршите работата на овој совет, не девалвирате сите нас како советници, тоа нема да го дозволиме.
Кажувате дека градоначалничката ви се заканува, јас ниедна закана не видов, освен обид да се исправи работата, па да не одоварате пред Законот оти сте ја злоупотребиле службената положба.
Брутално лажете, газите се што некој градел во овој совет години, години наназад. Вакво ниво јас немам видено во ниеден совет, а ги следам скоро сите совети во државава. Ова е погубно за нас како совет на Град Скопје, понесете си одговорност. Колку укажувања добивте од Инспекторатот за локална самоуправа? Не е ли во ред да ни кажете, се потпишувате во списоци за присутни на колеги кои се отсутни. Нема да помине, тука службите кажуваа дека има технички-неисправни амандмани, тогаш со сила на мнозинство ги гласавте, тогаш не се вчита Буџетот ама го потпишавте. Едниот амандман се прифатил бидејќи самиот систем го вчитал, другиот имал погрешна сума и не е вчитан, вие сте си земале за право да глумите градоначалник и ние треба да ве вадиме од оваа каша. Поднесете си оставка, му порача Витина на Славевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка кражба во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…
Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…
(Видео) Андов: Ќе тужам за незаконското разрешување…
Ќе тужам поради незаконското разрешување од позицијата,…
Се намалува цената на парното во Скопје
Од први август скопјани ќе плаќаат пониска…
Денеска ќе знаеме колку ќе поскапи парното…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на…