Објавено на:

Виткоф: постигнат дипломатски напредок во напорите за посредување помеѓу Русија и Украина

t

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф, по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург, изјави дека е постигнат дипломатски напредок во напорите за посредување помеѓу Москва и Киев, но оти постигнувањето на мировен договор бара уште многу работа.

– Иако останува уште многу работа да се заврши, претседателот Трамп останува решен да ја заврши оваа војна, објави Виткоф на Икс.

Тој додаде дека дијалогот ќе продолжи во форма на технички трилатерални консултации помеѓу САД, Русија и Украина.

Претходно, советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков истакна дека Путин на средбата со Виткоф навел дека Москва е подготвена следниот месец да ги продолжи преговорите со Киев и Вашингтон за завршување на војната во Украина.

– Нов круг трилатерални преговори во кои би учествувале Русија, САД и Украина би можеле да се одржат во Абу Даби во ноември, посочи Ушаков.

Тој додаде наведе дека новиот круг преговори треба да се фокусира на „изградба на безбедносен систем за Русија и Украина по завршување на конфликтот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран и покрај повеќемесечните воздушни напади на…

ПАЃА ПРОДАЖБАТА НА СТАНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА: За…

Пазарот на недвижности во Македонија бележи забавување…

Русија собра 47 бомбардери способни за носење…

Според податоците од проектот „АвиВектор“, кој го…

ИРАН ЈА ИЗВЕСТИ РУСИЈА: Ниту еден атом…

Техеран ја извести Москва дека збогатениот нуклеарен…

Кинези во БиХ киднапирале петмина сонародници, за…

Двајца кинески државјани се уапсени во Босна…