Владата ги замрзнува цените: Од утре поевтини тестенини и млечни производи
Владата утре ќе го соопшти ограничувањето на цените на тестенините и млечните производи, по пример на лебот. Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека ќе се интервенира и во цените на други производи, односно секаде каде има „има профити или маржи од тоа што е редовно“.
-Утре наутро ќе имаме одлука за тестенините и млечните производи, по што со премиерот ќе информираме на брифинг. Како што и претходно изјавив, граѓаните да бидат спокојни, цените ќе бидат намалени не само на овие производи, туку ние во континуитет ќе продолжиме со намалување на цените таму каде анализите ќе ни покажат дека има профити или маржи од тоа што е редовно, изјави Бектеши.
Како што дополни, се очекува намалување на цената за 10%, што уште од денеска може да се забележат промени на цените од страна на некои од производителите. Бектеши ги повика и другите компании да го следат овој пример.
По најавата на пекарите дека ќе ја тужат државата поради замрзнатите цени на лебот, Бектеши беше саркастичен и рече „очекувам две тужби“.
Намалувањето на цените се должи на одлуката на Владата да се намалат царинските давачки за увоз на тестенини, а средствата се обезбедени по укинувањето на мерката за субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија. Износот од 500 илјади евра, кои се издвојуваа за струја се пренаменети за директно намалување на цените на основните прехранбени производи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови цени на горивата од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Цените на недвижностите и кириите во ЕУ…
Во последната деценија и половина, пазарот на…
Од полноќ поскапуваат горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Поскапува мазутот, останатите цени на горивата остануваат…
Малопродажните цени на бензините, дизелот и на…
Ова се новите цени на горивата од…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…