Владата ги остави личните асистенти на децата со попреченост пет месеци без надоместок
Тоа што Владата ги остави децата со попреченост учебната година да ја започнат без образовни асистенти, изгледа како да не беше доволно. Околу 700 лични асистенти кои опслужуваат 1400 лица со попреченост, веќе неколку месеци не земале паричен надоместок. Поради ова, доколку заостанатите средства не се исплатат до петок, најавен е протест в сабота, велат од Левица.
Од партијата истакнуваат дека десничарскиот прагматизам од партиите на олигархијата повторно покажува негрижа за луѓето од оваа социјална категорија и оние кои ги опслужуваат.
„Платите на директорите на училиштата се зголемуваат драстично, додека за надоместокот на работниците кои работат една од најхуманите работи со оваа специфична категорија на деца дури и не се исплаќаат“, велат од Левица и додаваат дека оваа ситуација, според нив, довела до задоцнување на стартот на учебната година за децата со попреченост поради задоцнети огласи за вработување на асистентите.
Левица бара Владата да ги исплати задоцнетите средства за образовните асистенти до крајот на неделата. „Политиките на партиско ухлебување мора да бидат прекинати! Ако има за директорите, ќе има и за асистентите!“, истакнуваат од партијата. Тие предупредуваат дека актуелната влада може да биде полоша дури и од претходната, ако не се преземат соодветни мерки.
„Нашите активисти ќе го поддржат протестот! Левица е на страната на работникот и останува да стои рамо до рамо со угнетените и обесправените“, заклучуваат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
ДПМНЕ веднаш да ги повлече предложение измени…
Левица: Директорот на Детската клиника и неговиот…
Левица бара од министерот за здравство, Арбен…
Левица: Усје нѐ труе, Меџити се чешла
Усје нѐ труе, Меџити се чешла, велат…
Левица: Слободата на Груби е колективен договор…
Слободата на Груби е колективен договор на…
Левица: ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира…
ДПМНЕ против кочанчани, насилно се депонира отпад…