Владата да одговори дали ќе разговара за примање на мигранти!
Владата да одговори дали ќе разговара за примање мигранти, велат денеска од СДСМ. Партиското соопштение го пренесуваме во целост:
– Владата на ВМРО-ДПМНЕ потпиша договор за ново задолжување од 6 милијарди евра, а јавноста сè уште нема добиено ниту една конкретна информација за содржината и обврските кои произлегуваат од тој договор.
Нема одговори за тоа кои се условите, колкава е каматата, на колку години ќе се враќа овој кредит и колку тоа ќе ги чини граѓаните на крај.
Сè што слушаме се паушални изјави без никакви детали.
Дополнително се отвора уште еден аспект. Во кратко интервју за британската телевизија Скај Њуз, кое беше објавено од медиумите, премиерот Мицкоски избегна да одговори на директно прашање:
Дали дел од стратешкото партнерство со Обединетото Кралство вклучува и можност Македонија да прифаќа мигранти?
Токму ова прашање го поставивме пред неколку дена. И Владата – молчи.
Сега, кога веќе и британски медиуми и политичари зборуваат за „широка соработка“ во делот на миграцијата, молкот станува аларм.
Затоа денес, јавно, пред граѓаните, ја прашуваме Владата:
Дали сте подготвени во иднина да прифатите Македонија да стане зона за смествање на мигранти?
Дали договорот каков што е остава простор дека за ова може да се разговара во иднина?
Дали можете експлицитно и јасно да потврдите дека ниту сега ниту во иднина Макеоднија нема да разговара за ваков политички ангажман?
Македонските граѓани имаат право да знаат, и ги заслужуваат одговорите. Заслужуваат транспарентност.
СДСМ не води евтина политика – СДСМ поставува вистински прашања. Прашања кои се од интерес за безбедноста, достоинството и иднината на нашата држава.
Ако Владата нема што да крие – нека одговори. Јасно. Јавно. И веднаш. – велат од СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…