Владата и Мицкоски да им одговорат на граѓаните колку чини нивниот живот и за колку пари дадени во кампања го продаде здравјето на граѓаните на Волканов?

Скандалозно е што директорката на Државниот инспекторат за животна средина денес на прес-конференција застана во заштита на предизвикувачите на еколошка катастрофа, наместо да застане во одбрана на животот и здравјето на граѓаните што е нејзина должност соогласно Устав и Закон. Ивана Гиновска денеска покажа застрашувачка неинформираност и непознавање од областа на заштитата на животната средина, но и основни познавања од областа на математиката, велат од СДСМ.
„Имено директорката тврдеше дека концентрацијата цијанид во Крива Река е само два пати над дозволеното. Разликата помеѓу 0.001 микрограми по литар колку што е дозволеното ниво на цијанид и количеството од 0.014 микрограми по литар колку што е регистрирано е разлика од 14 пати, а не два како што тврдеше директорката. Дополнително таа тврдеше дека некој шпекулирал со количество на олово. Количеството на олово во реката е зголемено за 10 пати од дозволено ниво од 10 микрограми по литар, моменталната состојба во Крива река кога е тестирана водата количеството е од 100 микгрограми по литар. Во моментов водата на Крива Река е петта класа, според концентрациите на олово, многу загадена и не смее да се употребува за ништо. Застрашувачка е леснотијата со која Гиновска призна дека двајцата инспектори кои биле на должност по преливањето на јаловиштето во Тораничка река се во тесни релации со рудникот Булмак, односно едниот инспектор е поранешен вработен во рудникот додека сопругата на другиот работела во споменатата компанија“, посочуваат од СДСМ и додаваат:
„Дополнително, загрижува и леснотијата со која Гиновска констатира дека инспекторите кои требало да го контролираат рудникот се бивши раководители и вработени во “Булмак 2016”. Директорката Гиновска, заедно со Владата предводена од Христијан Мицкоски треба да одговорат како ќе ги обештетат сите земјоделци кои по течението на реките Тораница, Крива Река, Пчиња и Вардар ги коистат овие води за наводнување на земјоделското земјшите. Владата на чело со Мицкоски треба да им одговои на граѓаните колку пари чини животот и здравјето но и за колку пари дадени во кампања го продаде здравјето на граѓаните на Николај Волканов? ВМРО-ДПМНЕ заедно со нивните коалициони партнери, но и бизнис паратнери на чело со Христијан Мицкоски како премиер на Владата застанаа во одбрана на криминалот и труењето на сопствените граѓаните. За крај сите гореспоменати треба да одговораат не само пред судот на јавноста туку и пред правосудните органи за ставање во ризик на здравјето на илјадници граѓаните на државата, како и за ноторно лажење на целата македонска јавноста за опасностите од овој екоцид во паланечко“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата и Мицкоски да им одговорат на…
Скандалозно е што директорката на Државниот инспекторат…
Филипче: СДСМ не стои зад протестите на…
СДСМ не стои зад протестите на синдикатите…
СДСМ за фабриката „Магна“: Инвестицијата беше најавена…
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски не…
СДСМ: Мицкоски не може да не знае…
Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно…
СДСМ: Колапс на безбедносниот систем, бараме оставка…
Опозициската СДСМ жестоко реагираше на влошената безбедносна…