Владата конечно ги објави советниците на Мицкоски, хонорарите остануваат „тајна“

t

Владата ги објави имињата на надворешните советници кои го советуваат премиерот Христијан Мицкоски, но не и нивните хонорари по критиките во јавноста дека со месеци не се објавуваа. 

Инфомакс пред неколку месеци испрати барање за пристап до информации од јавен карактер до Владата, во врска со личностите кои „го советуваат“ премиерот и нивните надоместоци.

Меѓу имињата на советниците се најдоа и поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски и Трајко Вељаноски. Исто така има и двајца поранешни директори на УБК, Љупчо Андоновски и Горан Николовски.

М-р Амбасадор Сашо Марковски – Надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија.


Јоханес Хајдекер – Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ.


Цветко Мицевски – Надворешен советник за инфраструктура
Проф. д-р Гоце Наумовски – Надворешен советник за прашања од областа на правото
Проф. д-р Лазар Јовевски – Надворешен советник за труд и социјална политика
Проф. д-р Александар Спасеновски – Надворешен советник за европски прашања
Снежана Трпевска – Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
Владимир Пешевски – Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
Зоран Ставревски – Надворешен советник за финансии и банкарство
Горан Николовски – Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
Шенер Биљали – Надворешен советник за односи меѓу заедниците
Трајко Вељаноски – Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
Мимоза Рајл – Надворешен советник за култура
Љупчо Андоновски-Надворешен советник за национална безбедност
Проф. д-р Јован Пејковски – Надворешен советник од областа на политичките и економските науки

Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима

Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со 31.01.2025г. спогодбен прекин на договор, поради именување за Амбасадор)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски ќе ги посети повредените во пожарот…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе…

Цела фамилија на државна ци*ка: Татко на…

Љупчо Андоновски и Горан Николовски Џони, поранешни директори на…

Владата конечно ги објави советниците на Мицкоски,…

Владата ги објави имињата на надворешните советници…

Мицкоски за сега има 17 советници, имаат…

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17…

Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…

Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…