Владата најави: Во следните неколку дена ќе бидат претставени новите пакет мерки за подобрување на економијата
“Владата на Република Македонија континуирано ја следи состојбата и со конкретни мерки делува за да се зачува стандардот на граѓаните. Во таа насока во текот на наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите. “- информираат од Владата.
“Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија.
Дополнително, Владата синоќа информираше и дека, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.” – стои во владиното соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата со препорака Службен весник да ја…
Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…
Курсна листа на НБРМ: Колку чини еврото…
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Владата го повлече предлог-законот за средно образование,…
Законот за средно обеазование е повлечен од…
Владата ќе го раскине 17 милиони евра…
Владата планира да го раскине договорот со…
Германија и покрај многуте проблеми сѐ уште…
Германија, и покрај многуте проблеми, сè уште…