Владата на ДПМНЕ се фали со проекти на СДСМ, овој пат во Кавадарци
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, продолжува со познатата практика на сликање покрај проекти од претходната Влада на СДСМ, велат од опозициската партија.
– Последен пример е Кавадарци, каде премиерот Мицкоски, членови на владата и градоначалникот Јанчев се фалеа со проекти како што се колекторскиот и канализацискиот систем во населеното место Моклиште, проекти кои беа планирани, финансисрани, започнати и во напредна фаза на реализација токму во време на Владата предводена од СДСМ.
Добро е што овие проекти се завршњни но граѓаните знаат: овие проекти се резултат на одговорна и визионерска политика на СДСМ која секогаш работеше во интерес на сите граѓани.
За жал, после 10 месеци Вадата на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден сопствен капитален проект. – стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: Филипче нема допирна точка со Крмзов,…
Со денови од белата палата на ВМРО-ДПМНЕ…
СДСМ: Јавното обвинителство со денешната прес-конференција се…
Со денешната прес-конференција, Јавното обвинителство уште еднаш…
СДСМ: Мицкоски повторно промовираше наши проекти, овој…
Проектот за реконструкција на патниот правец во…
СДСМ: Расипничка власт, 3 милиони евра за…
Уште една епизода на расипништво, аздисано трошење…
СДСМ му одговори на Мицкоски: Еве зошто…
Соопштение за јавност СДСМ: Мицкоски праша, еве…