Владата одлучи: Ќе се основа студентски дом во Тетово

t

Владата, на предлог на Министерството за образование и наука, донесе Одлука за основање Државен студентски дом „Тетово“ во Тетово со капацитет од 300 легла.

Потребниот кадар, опрема и други услови за работа на Државниот студентски дом „Тетово“ во Тетово се предвидени согласно со нормативите и стандардите за опрема, простор и кадар за студентските домови.

Целта на основањето на студентскиот дом во Тетово, според образложението од ресорното министерство, е остварување на интересите и потребите за престој на студентите кои студираат надвор од местото на живеење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од понеделник уште потопло со пораст на…

По преодното дестабилизирање на времето, од понеделник…

Возеле дрво пијани: Уапсени повеќе возачи

Денеска (28.06.2025) во 00.13 часот на ул.„100“…

Па нели Британците ќе инвестираа: Владата тешко…

До овој момент нема пристигнато понуда за…

Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час…

Дневницата во Македонија чини колку час и…